Привремениот претседател на Египет,Адли Мансур го претстави планот за промена на нацрт-Уставот и спроведување референдум,а ја навести и можноста за организирање парламентарни избори во земјата,на почетокот од идната година.
Нацрт на Уставот претходно го подготвија исламистите, кои по интервенцијата на египетската армија, беа тргнати од власта,заедно со доскорешниот исламистички претседател Мохамед Морси, кој на таа функцијата беше само една година. Планот на Мансур, поранешен претседател на Уставниот суд,предвдува отворање на јавна расправа околу новата верзија на египетскиот Устав,што би требало да почне во идните две недели.
Расправата, заедно со поднесувањето на амандмани, како и референдумот, за прифакање на новиот Устав, треба да завршат во период од четири месеци, по што би се одржале изборите за нов состав на Парламентот. Изборот на нов египетски претседател би се одржале подоцна,откако ке се конституира новиот Парламент.
Муслиманското братство и исламистичките партии кои бараат вракање на Морси на функцијата,засега не реагираа на проектот за транзиција на Египет и за воспоставување на демократијата во земјата.
Промовирањето на проектот на привремениот египетски претседстел доаѓа 48 часови по досега најтешкиот инцидент од минатонеделното соборување на Морси, што се случи во Каиро, пред касарната во која се наоѓа главниот штаб на Републиканската гарда.
Во инцидентот, според тврдењето на Муслиманското братство, загинале 53 нивни симпатизери, а неколку стотици се повредени.
Тргањето на Морси од претседателската функција, за неговите симпатизери и за Муслиманското братство е „воен удар„ ,но за египетската опозиција и за противниците на исламизацијата во земјата,падот на досегашниот претседател е само „континуитет на револуцијата„ со која беше соборен од власт Хосни Мубарак.
Новите власти настојуваат да спречат нова ескалација на насилствата во Каиро и во другите градови, како и во што е можно пократок рок да определат нов премиер и да формираат привремена влада.
САД синоќа ги повикаа сите страни на египетската политичка сцена да покажат „максимална воздржаност„.
Белата кука во меѓувреме соопшти дека Вашингтон нема намера да ја прекине воената помош за Египет и за неговата армија,затоа што тоа не е во интерес на САД.