Тешко повреден скопјанец откако со „кавасаки“ излетал од пат

Од:

Скопјанец се здоби со тешки повреди откако вчера попладне, со мотоцикл „кавасаки ЗХ-10Р“, излетал надвор од коловозот, информира Министерството за внатрешни работи.

– На 03.09.2021 во 13:51 часот било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица -Делчево, во атар на село Илиово, мотоцикл „кавасаки ЗХ-10Р“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С.(46) од Скопје, излетал надвор од коловозот, соопштува МВР.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Делчево.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски