Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера околу 9 часот во СВР Скопје било пријавено дека во фирма на ул.„Боца Иванова“ во Скопје, врз четириесетгодишен човек од скопското село Елово, паднала бандера додека извршувал работни задачи, по што починал.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.