Новинари на катарската телевизија „Ал Џезира“ беа избркани од нивните колеги од прес-конференцијата на портпароли на египетската армија и полиција во Каиро во врска со убиството на десетици приврзаници на соборениот претседател на Египет, Мохамед Морси.
– Не се согласуваме со присуството на претставници на „Ал Џезира“ на прес-конференцијата, изјави еден од присутните новинари.
Веднаш потоа во салата настапи хаос, а неколку новинари скандираа „Ал Џезира надвор“ се додека екипата на катарската телевизија не излезе.
Портпаролите на армијата и полицијата не се обидоа да се вмешаат во она што се случуваше.
Катар беше голем поддржувач на Морси, а „Ал Џезира“ е обвинета од многу набљудувачи поради нејзините пристрасни прилози за последните случување во Египет.