Портпаролот на Талибанците синоќа соопшти дека Кина ветила дека ќе ја задржи својата амбасада во Авганистан и ќе ја зголеми помошта за земјата разурната од деценискиот конфликт.
Абдул Салам Ханафи, член на политичкото биро на исламистичката група во Доха, „имаше разговор со Ву Јианг, заменик -министер за надворешни работи на Народна Република Кина“, напиша портпаролот Сухаил Шахин на Твитер.
„Кинескиот заменик министер нè увери дека ќе ја задржи својата амбасада во Кабул, додавајќи дека нашите односи ќе растат … Кина, исто така, ќе ја продолжи и ќе ја зголеми хуманитарната помош, особено за лекување на Ковид-19“, додаде тој.
Портпаролот Забибулах Муџахид за италијанскиот весник Република вчера ја потенцираше важноста на односите со Кина. – Кина е нашиот најважен партнер и претставува фундаментална и извонредна можност за нас, затоа што е подготвена да инвестира и да ја обнови нашата земја, подвлече Муџахид.
Тој додаде дека Новиот пат на свилата-инфраструктурна иницијатива со која Кина сака да го зголеми своето глобално влијание со отворање трговски рути- се смета за многу важна меѓу талибанците.