Бројот на загинати при денешниот крвав инцидент во Каиро достигна 51 лице

Од:

Билансот на убиени при денешниот крвав инцидент пред Штабот на Републиканската гарда во египетскиот главен град Каиро се искачи на 51 лице, додека 435 се повредени, соопшти попладнево владин претставник.

Претходно, медицинските служби во Каиро објавија дека загинале најмалку 42 лица, а 322 се полесно и потешко повредени.

Египетските Вооружени сили обвинија дека за крвавиот инцидент пред Штабот на Републиканската гарда се одговорни „терористички групи“, кои биле меѓу толпата демонстранти-приврзаници на сменетиот исламистички претседател Мохамед Морси.

– Вооружени лица се обидоа насилно да влезат во Штабот на Републиканската гарда, додека други фрлаа молотови коктели по војниците од соседните згради и блиските џамии, изјави портпаролот на Армијата, полковник Ахмед Мохамед Али, додавајќи дека војската дури тогаш отворила оган во самоодбарана.

Армиските сили соопштија дека по инцидентот се уапсени повеќе од 200 напаѓачи кај кои било пронајдено разно оружје и муниција.

Функционери на Муслиманското братство денеска, во знак на одмазда, повикаа на „интифада“ (востание) против армијата и привремената власт во Египет.

Некои аналитичари во Каиро тврдат дека нападите врз армијата пред седиштето на Гардата и пукањето и фрлањето молотови коктели врз војската означува почеток на „Интифадата“.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина