Честитка од Груевски до исламските верници за Рамазанските пости

Од:

Премиерот Никола Груевски по повод започнувањето на Рамазанските пости денеска упати честитка до претседателот на Исламската заедница во Република Македонија Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите верници од исламската вероисповед во државата.

– Месецот Рамазан за сите муслимани е месец на нагласената Божја присутност во срцето и домот на секој верник, а особините кои ги проследуваат рамазанските пости се од големо значење за верниците, но и од општо значење во животот на секој човек. Воздржувањето од лоши мисли, од лоши дејствија и пороци, насоченоста кон молитвите, помагањето на блиските, на немоќните, на повеќе или помалку познатите, почитувањето, се доблести кои се универзални и потребни на секој човек, за да биде подобар, поисполнет и посреќен во својот живот, вели Груевски во честитката.

Токму затоа, како што додава, ваквите празнувања придонесуваат кон зближување на различните ентитети кои живеат во нашата земја и ја засилуваат заложбата на сите граѓани за овозможување на напредок базиран на системот на вредности во сите општествени сфери во Република Македонија.

– Ја користам приликата Вам и на сите верници од исламска вероисповест да ви посакам радосни празнични денови и позитивните особини да ве пратат за време на целата година и за време на целиот ваш живот, стои во честитката од премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Трудова ќе ги проверува синдикатите во М-НАВ: „Таа фирма е семејна, брат му на Тасевски работи таму, татко му работел таму“

A1on