Министерството за финансии на САД издаде дозвола за хуманитарна помош за Авганистан

Од:

САД, минатата недела, издадоа дозвола со која се овластуваат себеси и своите партнери да продолжат да обезбедуваат хуманитарна помош во Авганистан, изјави официјален претставник на Министерството за финансии, откако талибанците ја презедоа контролата врз земјата овој месец.

Специфичната дозвола, издадена од Министерството за финансии во средата, ја овластува американската влада и нејзините партнери да поддржат хуманитарна помош за народот во Авганистан, вклучително и испорака на храна и лекови, и покрај американските санкции против талибанците.

Дозволата, која истекува на 1 март 2022 година, доаѓа во момент на загриженост дека американските санкции против талибанците може да ја забрзаат хуманитарната криза во земјата која во голема мера се потпира на странска помош, пренесува Хина.

– Ова е насочена хуманитарна помош дизајнирана да им помогне на луѓето во Авганистан, рече официјалниот претставник, додавајќи дека помошта нема да оди за талибанските власти.

Обединетите нации објавија дека повеќе од 18 милиони луѓе, околу половина од авганистанското население, бараат помош и дека половина од сите авганистански деца под 5-годишна возраст веќе страдаат од акутна неухранетост поради втората суша во четири години.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија