Израелската Влада вчера усвои предлог-закон со кој е предвидено ослободување на десетина илјади ултраортодоксни Евреи од служење на воен рок.
Предлог-законот предвидува ултраортодоксните Евреи или да служат воен рок или да се пријават во цивилна служба и ако биде усвоен законот ќе се применува во следните четири години.
Целта на новиот закон е да се измени сегашната ситуација во која ултраортодоксните Евреи се ослободуваат од служење на воен рок ако посетуваат верски студии.
Служењето на воен рок е обврзно во Израел, за мажите три, а за жените две години. Ултраортодоксните Евреи се десет проценти од вкупното 8-милионско население на Израел.