Стрелачката Наковска – Бикова шестопласирана во првиот настап на ПОИ во Токио

Од:

Единствениот македонски претставник на Параолимписките игри (ПОИ) во Токио, стрелачката Оливера Наковска – Бикова, претпладнево го освои шестото место во финалето во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри.

Наковска – Бикова, која влезе во финалето како осмопласирана, настапот го заврши со резултат од 147.9 кругови.

Македонската параолимпијка на Игрите во Токио ја очекуваат уште два настапи, в четврток во дисциплината спорт пиштол од 25 метри и пиштол слободен избор од 50 метри, в сабота.

Би можело да ве интересира

Кина најуспешна нација на Параолимписките игри во Токио

Ана Ололовска

Поделени првите медали на Параолимписките игри во Токио

Ана Ололовска

Земји од Пацификот се откажаа од Параолимписките игри поради ковид ограничувањата

А1он

Шахпаска: На Оливера Наковска Бикова ѝ посакувам среќа на Параолимписките игри во Токио

Ана Ололовска

Извршена еутаназија врз златната параолимпијка Верворт

Успехот на нашите параолимпијци мотив за спортување кај лицата со посебни потреби

Ана Ололовска