Блинкен: САД ќе одржуваат дипломатски односи со Авганистан од Катар

Од:

САД ќе продолжат да одржуваат дипломатски односи со Авганистан од катарската престолнина Доха, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

– Одлуката е диктирана од безбедносните проблеми во Авганистан. САД ќе соработуваат со талибанците доколку ги почитуваат обврските што ги презеле, рече американскиот државен секретар.

– Секоја наша акција ќе биде одредена не од она што го вели талибанската влада, туку она што го прави за да ги исполни своите обврски, истакна Блинкен, додавајќи дека новите лидери на Авганистан ќе треба да ја заслужат својата легитимност и поддршка од меѓународната заедница ..

– САД ќе продолжат со напорите да им помогнат на американските граѓани кои сакаат да го напуштат Авганистан по повлекувањето на американските сили од Централна Азија, рече Блинкен.

Се проценува дека се уште има околу 300 Американци во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија