Репрезентацијата на САД ја освои шампионската титула на Светското првенство за кошаркари до 19 години кое се одржа во Чешка. Во финалето синоќа САД ја победија Србија со 82:68 (26:22, 14:16, 17:13 и 25:17).
Најефикасни во победничката селекција беа Монтрези Харел со 19 поени и Вилијамс Гос со 15 поени, додека во српскиот тим Јован Новак реализира 21 поен, Василија Мичиќ постигна дабл-дабл 13 поени и 10 асистенции.
За Американците ова е петта титула на јуниорските првенства.
Третото место и бронзените медали ги освоија Литванците кои во малото финале ја победија Австралија со 106:100.