Убедлив пораз на младите кошаркари на шампионатот во Софија

Од:

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 20 години попладнево претрпе убедлив пораз од Белгија со 79:49 во воведниот натпревар на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во Софија.

Белгијците уште во првата четвртина ја најавија победата. По серијата од 12:0 тие го добија првиот период со 21:7. Избраниците на слекторот Александар Петровиќ направија обид резултатски да се доближат, но и покрај поефикасната игра во втората четвртина, на полувреме заминаа со минус 18 или 38:20 за Белгија.

Во второто полувреме Македонците се доближија во неколку наврати на 14 поени, но тоа е се што направија. Противникот повторно заигра агресивно и стигна до првата победа, со што ги потврди амбицците за освојување на едно од првите две места во групата „Б“ во која покрај овие две слекции се и Холандија, Полска и Луксембург.

Утре Македонија е слободна, а следниот натпревар ќе го одигра в сабота против Полска во терминот од 12 часот и 45 минути.

Денеска во оваа груп се игра и натпреварот Холандија – Полска.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ