Ѓоковиќ: Мареј го заслужи трофејот

Од:

Првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ му ја честиташе победата на Мареј и истакна дека британскиот тенисер го заслужил овој трофеј.

Енди Мареј го освои својот втор Грен Слем трофеј во кариерата со победата над српскиот тенисер, со резултат 3:0 (6:4, 7:5, 6:4).

„Честитки до Мареј и неговиот тим, играше одличен тенис и ја заслужи титулата. Знам дека многу го посакуваше овој трофеј. Врз него имаше голем притисок, од него се очекуваше многу.

– Јас дадов се од себе и навистина ми беше задоволство што бев дел од ова финале“, изјави Ѓоковиќ.

Енди Мареј е провиот Британец кој по 77 години триумфираше на Вимблдон. Минатата година токму на овие тениски терени го освои златниот медал на Олимписките игри.

„Се чувствувам малку поинаку отколку минатата година. Тој настан ми е еден од најубавите во животот. Ова беше тежок меч, се играа долги поени, не знам како успеав во три сета да го победам, но мило ми е дека заврши. Сум играл против Новак многу пати.

– Кога сите мислат дека е готово, тој се враќа, тој е најборбениот тенисер кој го познавам, а тоа го правеше крајот уште потежок.

– Знам колку многу сите на Островот посакуваа да видат британски победник. Не заборавив на мајка ми, на целиот тим кој поминуваше низ се со мене, имаше тешки моменти и затоа овој трофеј им го посветувам на нив“, рече Мареј веднаш по мечот.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ