Германија ги повлече сите свои војници од Авганистан со последен лет за евакуација од Кабул, изјави министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.
– Сите војници, членови на Министерството за надворешни работи и федералната полиција кои ја доведоа оваа мисија до безбеден крај за нас, полетаа од Кабул, рече министерката, додавајќи дека, согласно тоа, мисијата за воена евакуација е завршена.
Новинската агенција ДПА претходно јави дека попладнево полета последниот германски воен лет за евакуација на германски државјани и локален персонал од Авганистан.
Според податоците на германското Министерство за одбрана, Бундесверот префрлил 5.193 лица од почетокот на мисијата за евакуација од Авганистан, а биле извршени вкупно 34 летови.