Жоржињо од Челзи е најдобар фудбалер во избор на УЕФА за минатата сезона во Лигата на шампиони, додека признанието во женска конкуренција и припадна на Алексиа Путељас од Барселона.
За најдобар дефанзивец е избран бекот на Манчестер сити, Рубен Диас, додека во женската Лига на шампиони признанието го освои Ирене Паредес од ПСЖ.
Голманот на европскиот првак Челзи, Едуард Менди, е прогласен за најдобар чувар на мрежата во Лигата на шампиони во минатата сезона, додека наградата за најдобра голманка и припадна на Сандра Панос од Барселона.
Германскиот стратег на клупата на Челзи, Томас Тухел, е избран за тренер на годината, додека признанието на УЕФА во конкуренција на женски фудбалски екипи и репрезентации му припадна на Луис Кортес од Барселона.