Тешко повреден велосипедист од Скопје, сторителот избегал од местото на незгодата

Од:

35-годишен велосипедист од Скопје се здобил со тешки телесни повреди по удар од автомобил, а сторителот побегнал, информира Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 18:30 часот било пријавено дека на крстосница на ул. 1 со ул. 2 во с.Бразда, Скопско, патничко возило „фолксваген пасат“, со непознати регистарски ознаки, удрило во велосипед, управуван од М.Н.(35) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата, соопшти МВР.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски