Бундесверот денеска, пет дена пред крајниот рок, ја завршува евакуацијата од Кабул

Од:

Германската војска -Бундесвер, денеска ја завршува акцијата за евакуација на своите граѓани од Авганистан, пет дена пред најавеното повлекување на американските војници.

Последната фаза од мисијата за евакуација веќе почна и еден од четирите планирани авиони утринава слета во Кабул. Причина за предвременото завршување на евакуацијата е, како што истакнуваат во Берлин, зголемената опасност од тероризам.

За денеска се планирани четири авиони „А400 М“, со германски војници, и два хеликоптери да летаат од Кабул до Ташкент, од каде што утре ќе го продолжат патот за Германија.

Според податоците на Министерството за одбрана, Бундесверот префрлил 5.193 лица од почетокот на мисијата за евакуација од Авганистан, а биле извршени вкупно 34 летови.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“