СДСМ: Утврдени кандидатите за 51 општина

Од:

„По спроведувањето на потребните анализи консултации и испитување на јавното мислење, Извршниот одбор на СДСМ утврди уште 16 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори“, сооштува СДСМ.

„Досега од редовите на СДСМ утврдени се кандидати за 51 општина, од нив 16 се нови лица, луѓе кои досега не извршувале високи функции на локално ниво.

Ова се личности кои се угледни професионални, докажани и препознаени во своите средини, индивидуи кои се подготвени и мотивирани да работат за интересите на граѓаните во нивните општини.

СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина. Тоа е препознаено и од граѓаните, затоа СДСМ води на сите анкети, затоа е убедлив фаворит на локалните избори.

Граѓаните знаат дека само со СДСМ е можно да продолжи развојот на општините и напредокот на државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците