Објавени резултатите од проектот „Скопските шепотења, крици и драматизирања“

Од:

Проектот „Скопските шепотења, крици и драматизирања“, поддржан од Град Скопје објави шест е-Драми на авторите кои беа дел од проектните активности. Авторите кои учествуваа во креирање на е-Драмите се Миа Ефремова, Миа Николовска, Нина Плавањац, Никола Кузелов, Синан Ракиповски.

Изработените проекти се достапни на следниот линк.

-Драмски текстови се напишани на македонски и англиски јазик. Тие експериментираат со структурата, темите, ликовите, репликите, атмосферата и стилот. На современиот театар кај нас му треба освежување кое го носат новите драмски имиња, велат организаторите на проектот.

Тие додаваат дека младите автори поради својата зрелост и квалитет заслужуваат сценско внимание, со поставки од страна на колегите режисери.

Други соработници на проектот беа Иванчо Талевски, како илустратор, Сашо Огненовски, задолжен за воведни рецензии, уредник и дизајнер Иванка Апостолова Баскар. Проектот е организиран од Македонскиот центар ИТИ.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска