Прегазен велосипедист во Скопје, возачот избегал

Од:

74-годишен велосипедист со тешки телесни повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ откако во него со „цитроен Ц5“ удрил непознат возач и го напуштил местото на несреќата, информира Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 09:30 часот било пријавено дека на крстосницата од улица „Самоилова“ и сервисна улица што ги поврзува улицата „Самоилова“ и улицата „Иљо Војвода“ во Скопје, патничко возило „цитроен Ц5“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознат возач, удрило во велосипед, управуван од Т.Т.(74) од Скопје и го напуштило местото на незгодата, известува МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски