СДСМ: Вакцинирајте се, за заштита на своето и јавното здравје

Од:

„Нашата татковина се наоѓа во деликатна фаза со мутацијата на вирусот Ковид-19. Четвртиот бран на вирусот низ кој минуваме, но и антиваксерските лажни вести и дезинформациски кампањи укажуваат на потребата од точно информирање на јавноста за процесот на вакцинација“, соопштува СДСМ.

„За таа цел започна кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се“. Масовната имунизација е докажано најсигурен начин да ставиме крај на пандемијата, да го сочуваме јавното здравје, но и да им помогнеме на здравствените работници и здравствениот систем.

Сите вакцини го подигаат имунолошкиот систем и штитат од тешки форми на заболувања од вирусот, сите вакцини се еднакво безбедни по здравјето.

Граѓаните треба да покажат одговорност кон сопственото и колективното здравје и да ја искористат можноста да се вакцинираат на еден од вакциналните пунктови.

Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски да ги повикаат граѓаните да се вакцинираат наместо да прават евалуација на кампањата и да поддржуваат протести против вакцинација.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба барем еднаш да покажат одговорност и да ги повикаат членовите на партијата и граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.

Масовната вакцинација да продолжи што позасилено за да ставиме крај на пандемијата и конечно да се вратиме на нормалното функционирање на општеството“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината