Кривична пријава против И.Т од Кочани за измама

Од:

Министерството за внатрешни работи до Основното Јавно Обвинителство во Штип поднесе кривична пријава против И.Т.(1971) од  Кочани, со место на живеење во Штип поради основано сомнение дека сторила кривично дело „Измама“.

Пријавената во временскиот период од 15 јануари 2010 до 1 јули 2011 година, додека работела  како  медицинска  сестра во приватна здравствена установа, со намера за себе да  прибави противправна имотна корист, ја довела во заблуда оштетената сопственичка,  со  лажно  прикажување факти, ветувајќи и дека преку тогашниот министер за  здравство кој наводно бил нејзин близок пријател, ќе и овозможи да направи проект за  деца без родители, кој бил на невладина организација од Америка со седиште во Скопје.

Таа ја убедила оштетената дека откако проектот ќе биде прифатен од Комисијата, оштетената за  него  ќе добиела голема сума пари со кои средства ќе можела да им помага на децата без родители. Исто така, лажно прикажувајки факти, И.Т. ја довела во заблуда оштетената дека преку сопругата на тогашниот министер за здравство, која била во Комисијата во Фондот за здравство, ќе и помогнела да ги земе заостанатите  пари  заедно со нивната камата од капитацијата за нејзините пациенти.

За тоа во  повеќе наврати со различни изговори, во периодот од 15 јануари2010 до 31 октомври 2011 година,  истата и побарала и зела од оштетената пари во вкупна вредност од 2.609.000 денари, кои таа ги имала на својата денарска штедна книшка во Комерцијална банка. Оштетената кривичното дело во СВР-Штип  го пријави  на 4 јули 2013 година, за што е изготвен Записник за примена кривична пријава.

Обавен е разговор со оштетената и при тоа се констатирани околностите на кривичното дело. Од нејзина страна се доставени рачно напишани писма со содржина околу парите кои биле давани на пријавената, кои истата ги пишувала и препорачано адресирала до сопругата на тогашниот министер, која наводно била вработена во Фондот. Исто така во просториите на СВР Штип е обавен разговор со ќерката на оштетената која појаснила дека во повеќе наврати во семејниот стан, нејзината мајка на пријавената и давала различни суми на пари.

Од оштетената обезбедна е фотокопија од штедна денарска книшка, извод од тековна сметка од наведената штедна денарска книшка и збир на промет од штедна денарска книшка на кои се утврдени трансакциите на датите и сумите кои се вадени. Обезбедена е документација и е утврдено дека на име И.Д. од Штип, сопруг на пријавената, во 2008 година е купено патничко моторно возило марка КИА СЕЕД за сума 923.910 денари, платена во готово.

Преку поднесено барање до Агенцијата за катастар и недвижности одделение Штип е констатирано дека пријавената на 14 декември 2010 година има купено стан со површина од 80 м2 за сума од 2.460.100 денари, платено во готово.

Во просториите на СВР Штип е приведена пријавената Т.И. со која е обавен разговор во врска со наведеното кривично дело при што таа во присуство на адвокат појасни дека согласно одредбите од ЗКП ќе го користи правото да се брани со молчење во текот на полициската постапка.

Таа е спроведена до Истражен судија при Основен Суд Штип, од чија страна и е изречена мерка „куќен притвор“ во времетраење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он