Лојд Остин најави можност да се пробие рокот за евакуација од Авганистан, предвиден за 31 август

Од:

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска застана во одбрана на планот на претседателот Џо Бајден во однос на Авганистан, но сугерираше дека американските сили можеби ќе треба да останат и по крајниот рок од 31 август, определен од претседателот за крај на евакуацијата.

На прашањето од Еј Би Си њуз ќе препорача продолжување на рокот, Остин одговори: Ќе продолжиме да ја проценуваме ситуацијата и повторно, ќе работиме колку што можеме повеќе за да извлечеме што е можно повеќе луѓе. И кога ќе се приближиме до тој рок, ќе му дадеме препорака на претседателот.

Едно лице информирано за процесот на евакуација рече дека е речиси невозможно луѓето да влезат на аеродромот доколку немаат дипломатска придружба обезбедена од Катар, кој има односи со САД и талибанците. Катар пренесе илјадници луѓе на аеродромот и ги продолжи своите операции во текот на викендот, откако ги прекина во петокот поради безбедносни проблеми, јави Фајненшл тајмс.

Кристијан Нелеман, извршен директор во Рипто-норвешкиот центар за глобални анализи во Норвешка, рече дека талибанците им дозволуваат на граѓаните од западните земји да минат преку контролните пунктови, но ги спречуваат Авганистанците.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија