Вооружени лица, за кои се претпоставува дека се исламистички екстремисти, минатата ноќ извршиле напад врз гасоводот во близина на египетскиот град Ел Ариш на Синајскиот Полуостров.
Како што соопштија египетските безбедносни сили, осомничените исламисти извршиле напади на две места на гасоводот, при што биле предизвикани експлозии и пожари.
Пожарите набрзо бил изгаснати, но е прекинат дотекот на гас за Јордан. Ова е прв напад врз гасовод или нафтовод на Синај по речиси една година, откако во претходните месеци беа извршени десетина напади врз системите за пренос на гас и нафта на Полуосторовот.