Насев „директорувал“ и во ВИП и АМС

Од:

Се одмоткува клопчето со измамите на Бобан Насев, сопственикот на порталот Комуникација.мк кој беше приведен минатиот викенд, јави Прес 24.

Уште четворица граѓани поднеле пријави за измами од Насев.

Тој се претставувал и како директор во мобилниот оператор ВИП, директор на Агенцијата за млади и спорт, менаџер на фестивал кој не се одржува повеќе од 10 години и како функционер во Агенцијата за управување со конфискуван имот.

Насев на сите нив ветувал вработување и тоа неверојатни приказни.

Како „директор“ во ВИП, на еден му ветил специјализација за ќерката во САД и вработување во Владата, во одделот за односи со јавност, за што му наплатил 6.000 евра за лажна диплома по познавање на англиски јасик за неговата ќерка.

Како „директор“ во Агенцијата за млади и спорт, сопственикот на Комуникација.мк, успеал од штипјанка да земе околу 6.000 евра за вработување како негова асистентка и службено патување со него во Амстердам.

Со истата лага земал пари и како „директор“ на Агенцијата за конфискуван имот.

„Најневеројатно е како измамил кочанчанец дека неговиот син ќе настапи на фестивал кој не се одржува повеќе од 10 години. Од овие оштетени прибавил вкупно 19.500 евра. Претходно го пријавија петмина со кои вкупниот профит на Насев достигнува до 40.000 евра“, објави Прес 24.

Насев веќе осми ден е во притвор, со одлука на истражен судија за повеќе дела на измама.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа