Објавување на резултатите од државната матура

Од:

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски, директорот на Државниот испитен центар Јусуф Арифи и директорот на Бирото за развој на образование Весна Хорватовиќ денеска ќе ги соопштат резултатите од полагањето на државната матура во јунскиот испитен рок.

Полагањето на задолжителните предмети од испитот државна матура, односно тестирањето по мајчин јазик и литература матурантите го полагаа на 8 јуни, додека полагањето по изборниот предмет – странски јазик или математика, односно естетика или филозофија, се одржа на 11 јуни.

Полагаа 19.289 матуранти и во однос на лани годинава има 1,06 проценти повеќе кои  полагаат државна матура.

Според податоците на Државниот испитен центар, македонски јазик и литература полагаа 12.561, албански јазик 6.137 и турски јазик и литература 432 матуранти.

Во однос на изборниот предмет 2.184 матуранти поилагаа математика основно ниво, 13 математика напредно ниво, а англиски јазик 16.498 матуранти, француски 188 и руски јазник 46.

Матурантите од училиштата на уметностите за изборен предмет имаа филозофија и естетика.

Матурантите кои не ја положиле државната матура или ќе положат само еден предмет во јунскиот испитен рок, имаат втора можност на следниот испитен рок – на 13 август мајчин јазик и на 15 август изборниот предмет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро