Илбер Доѓани нов шеф на албанската воена тајна служба

Од:

Откако шефoт на албанската воена тајна служба, полковник Илиријан Балиу неочекувано бешер азрешен од должноста, на негово место веднаш е наименуван генерал Илбер Доѓани, јави дописникот на МИА.

Разрешувањето и наименувањето се по предлог на премиерот во заминување Сали Бериша, а се потпишани од шефот на државата Бујар Нишани.

Доѓани, како што пренесува онлајн изданието на весникот „Панорама“, чинот генерал го добил на 24 јуни годинава по предлог на министерот за одбрана Арбен Имами.

– Со овиј блиц потег на Бериша и се оневзможува на Социјалистичката партија да врши смени во структурата на Службата, бидејќи секое ново наименување би требало да го одобри претседателот Нишани, наведува весникот.

Според истиот извор, како главна причина за разрешување на Балиусе наведува фактот што тој нема чин генерал. Сепак на ова образложени се прифаќа со резерва, бидејќи тој не беше генерал ни кога беше именуван за прв човек на службата.

– Воената тајна служба во текот на 2012 година често беше напаѓана од страна на социјалистите за внешаност во прислушувањето на пратеници и дипломати и тие бараа да се формира анкетна комисија за случајот, што не беше прифатено од тогашното владејачко мнозинство во Парламентот, потсетува „Панорама“.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски