СДСМ: Владата изнајде начин да се стави крај на блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за личните карти

Од:

„Владата предводена од СДСМ изнајде начин да стави крај на блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои во Собранието кочат закони кои се од интерес на граѓаните. 40 илјади граѓани кои во моментот се без лична карта ќе можат да го остварат своето право да си ги подигнат своите пари“, велат од СДСМ.

„Во соработка со Македонската банкарска асоцијација Владата предводена од СДСМ најде решение со кое овозможува непречено користење на услугите.

Граѓаните кои немаат важечки лични карти, ќе може да користат услуги на банки и штедилници со пасоши. Исто така, доволни ќе бидат и потврдите од МВР за поднесено барање за издавање на лична карта.

Владата предводена од СДСМ работи и на изнаоѓање на начин да го обезбеди и уставно загарантираното право на граѓаните да не бидат исклучени од избирачкиот список поради истек на лични карти.

Разликата е огромна: ВМРО-ДПМНЕ и Левица блокираат и уназадуваат, Владата предводена од СДСМ наоѓа решенија.

На граѓаните не смеат да им бидат ускратени основните човекови права поради партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Блокадите се на штета на граѓаните и државата и затоа пратениците од опозицијата треба да престанат и да почнат да работат во интерес на граѓаните“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината