Две лица тешко повредени во сообраќајка на патот кон велешко езеро

Од:

Во сообраќајка пријавена од СВР Велес која се случила доцна синоќа на патот Башино Село – Отовица, автомобил се превртел движејќи се кон езерото „Младост”, при што тешко се повредени две женски лица, информира за МИА д-р Василка Пановска ПопСтефанова од службата за ИМБ при ЈЗУ Здравствен Дом.

-Едното лице е со повреди на двата долни екстремитети и еден горен, а другата со повреди на десен и лев долен екстремитет информира д-р.Пановска ПопСтефанова .

Од страна на два тима од ИМБ пациентите се згрижени на лице место и поради сериозност на повредите, итно се однесени на хирушкиот одел при велешката болница, за понатамошно лекување.

На лице место увид на несреќата, направила екипа на СВР Велес.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски