Барселона со кредит од 455 милиони евра ќе ја ублажува финансиската криза

Од:

Шпанскиот фудбалски гигант, Барселона која има проблеми со долговите, зеде кредит. Се работи за сума од 455 милиони евра која треба да се врати за 10 години со просечна каматна стапка од 1,98 %.

Каталонците како гаранција за враќање на кредитот ги приложија телевизиски права што ги поседуваат.

Барселона исто така успеа да постигне ревидирање на дел од должничките обврски во висина од 140 милиони евра. Дополнително, постигнатиот договор овозможува издавање на нови должнички обврски до 70 милиони евра, доколку е потребно.

Инвестициската банка „Голдман Сакс“ дејствуваше како финансиски советник за трансакцијата.

Би можело да ве интересира

Флик втор месец по ред е најдобар тренер во Ла Лига

А1он

(ВИДЕО) Срам за Реал Мадрид на Ел Класико: Барселона им го сервираше едно од најголемите понижувања во историјата

А1он

Јамал: Целта ми е да бидам легенда на Барселона, не одам никаде

А1он

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

Фудбалерите на Барселона го победија Ваљадолид со резултат 7:0

УЕФА ја казни Барселона поради нацистички поздрави и расизам