САД загрижени поради одземеното оружје од страна на талибанците

Од:

Со напредувањето и земањето под контрола на поголем дел од територијата на Авганистан, талибанците дојдоа во посед на американско оружје и техника оставени од повлечената авганистанска армија.

-Сѐ што не беше уништено сега им припаѓа на талибанците, изјави анонимен претставник на властите на САД, пренесуват агенциите.

Актуелни и поранешни официјални лица изразуваат загриженост дека ова оружје може да биде употребено за убиство на цивили, може да биде земено од други вооружени групи како Исламска држава, па и предадено на соперниците како Кина и Русија.

Според изворите, иако прецизни бројки засега нема, разузнавачите сметаат дека талибанците контролираат повеќе од 2.000 оклопни транспортери, вклучувајќи ги американските „Хамви“, и до 40 воздушни апарати, вклучувајќи 60 хеликоптери „Блек хокс“, разузнувачки офанзивни хеликоптери и воени дронови „Скен игл“.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден е сериозно загрижена поради овој проблем и размислува што може да се преземе. Според официјални лица, не се исклучени воздушни удари по крупната техника како хеликоптери, но има стравувања дека тоа може да предизвика противреакции од страна на талибанците, во време кога САД се обидуваат да ги евакуираат луѓето.

Се појавија видео записи кои покажуваат како тие разгледуваат долга колона возила и отвараат сандаци со ново огнострелно оружје, средства за врски и дури и беспилотни летала.

-Видовме талибанци вооружени со американско оружје одземено од авганистански сили. Ова претставува голема закана за САД и нашите сојузници, изјави синоќа конгресменот Мајкл Меккол, водечки републиканец во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом.

Од 2002 до 2017 година САД на авганистанските вооружени сили им даде на располагање рачно оружје, ракети, визири за ноќно набљудување, па дури и дронови за разузнавање во вкупна вредност од 28 милијарди долари. Највпечетливо од таа воена помош е авијацијата, како хеликоптерите „Блек хок“

Некои агенции истакнуваат дека талибанците имаат одземено вакви хеликоптери.

Според Служба за ревизија на САД од 2003 до 2016 година Америка на авганистанците врачила 208 единици авијаиција.

Според сегашни и ексофицијални лица, фактот дека хеликоптерите паднале во рацете на талибанците е можеби загрижувачки, но таа техника бара редовно сервисирање, а управувањето со многу хеликоптери е сложено без сериозна обука.

Во оваа фаза, позагрижувачки се одземеното оружје и опрема како визири за ноќно набљудување.

Од 2003 година САД на авганистанските сили им дале воена помош од најмалку 600.000 парчиња пешадиско оружје, како полуавтоматски пушки М16, 162.000 единици опрема за врски и комуникација и 16.000 прибори за ноќно гледање.

-Можноста да се водат операции ноќно време навистина ги менува работите во корен, изјави за една агенција помошник на Конгресот.

Американски генерал пак смета дека сето ова одземено оружје им дава на талибанците предност против секаков отпор, што може да се појави во историските точки на спротивставување со талибанците како во Панџарската долина северисточно од Кабул.

Би можело да ве интересира

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

(ВИДЕО) Избегната трагедија во забавниот парк Оукс: Се расипа „нишалото“, посетители висеа на 30 метри висина

Смит: И се заблагодарувам на Македонија за одвојувањето на два проценти од БДП за одбраната

Горан Наумовски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница