(ВИДЕО) Кузеска: Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ не се нови луѓе туку од режимот на Груевски

Од:

„Христијан Мицкоски повторно докажа денеска не верува во кандидатите, токму затоа денеска тој не се појави на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за да ги објави нивните имиња“, одговори на новинарско прашање, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Она што го слушнавме во голем дел се повторно имиња кои веќе имале држвни и локални функции од времето на режимот односно од времето на Никола Груевски и може да заклучеме дека навистина ова е понуда од немај каде, како едвај да нашле кандидати кои што се спремни да изгубат на претстојните локални избори. Она што е интересно, повторно од ВМРО-ДПМНЕ не слушнавме кандидат за градоначалник во град Скопје и тоа повторно не води до заклучокот и јавноста треба да знае дека токму ВМРО-ДПМНЕ има многу мала доверба во главниот град, секако и во една од најголемите општини во градот Скопје – Центар каде што поддржуваат кандидатка од мал коалиционен партнер.

Секако гледаме дека ВМРО-ДПМНЕ маки мачат со кандидатите, но она што е интересно е дека ги преставуваат како нови и свежи, а како што напоменав веќе тие имале и државни и локални функции од времето на режимот, од времето на Никола Груевски што ова го потврдува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ не работи на никаков концепт ,,Македонија за сите луѓе“ туку ова се сите луѓе на Груевски“, кажа Кузеска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски