(ВИДЕО) Кузеска: Владата предводена од СДСМ најде начин да стави крај на блокадите на Левица и ВМРО-ДПМНЕ за личните карти

Од:

„Владата предводена од СДСМ изнајде начин да стави крај на блокадите и кочниците на ВМРО ДПМНЕ и Левица кои во Собранието блокираат закони кои се од интерес на граѓаните! 40 илјади граѓани кои во моментов се без лична карта ќе може да си го остварат своето право да си ги подигнат своите пари“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Истите овие граѓани на кои им истекла важноста на личните карти, токму поради синхронизираното блокирање на ВМРО ДПМНЕ и Левица за Законот за лични карти, беа спречени да си ги подигнат парите во банките и да вршат други трансакции.

Во соработка со Македонската банкарска асоцијација, Владата предводена од СДСМ, изнајде решение.

Имено, граѓаните кои немаат важечки лични карти за идентификување, ќе може да ги користат услугите на банките и штедилниците со пасоши. Исто така како важечки и доволни ќе бидат и потврдите од МВР за поднесено барање за издавање нова лична карта.

На овој начин се овозможува непречено користење на услугите.

Владата преводена од СДСМ работи и на изнаоѓање на системско, целосно решение и начин да го обезбедиме и уставно загарантираното право граѓаните да не бидат исклучени од избирачкиот список заради истек на личните карти.

Во соработка со Државната изборна комисија ќе се разгледаат законски можности за граѓаните со неважечки лични карти да можат да го остварат правото на глас, како основно демократско право.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица блокираат, кочат, уназадуваат, Владата предводена од СДСМ наоѓа решенија.

На граѓаните не смеат да им бидат ускратени основните човекови права само поради партиските интереси на ВМРО ДПМНЕ и Левица кои ги тераат во Собранието.

Законите кои се гласаат во Собранието се во интерес на граѓаните и се Закони преку кои ги остваруваат своите права.

Блокадите се на штета на граѓаните и токму затоа пратениците од опозицијата треба да престанат и конечно да почнат да размислуваат и да работат во интерес на граѓаните“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар