Нови антиковид мерки во Црна Гора

Од:

Црна Гора денеска воведе нови мерки, што првенствено се однеуваат на условите за влез во земјата.

Во Црна Гора ќе може да се влезе само ако нејзините граѓани и туристите покажат дека се вакцинирани против Ковид-19, да прикажат ПЦР тест не постар од 72 часа, да имаат потврда дека прележале или со брз антигенски тест не постар од 48 часа.

Лицата кои не ги усполнуваат ниту еден од наведените услови ќе мора да бидат во самоизолација 14 дена.

Мерките стапуваат во сила утре и ќе ваќат до 10 септември.

Во Црна Гора и понатаму е забрането големи собири во затворено, на отворено дозволени се до 50 полнолетни лица со почитување на мерките – носење маски и држење дистанца.

Црногорската Влада предлага и училишниот час наместо 45 да трае 30 минути.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски