ВИДЕО: Надал и Федерер најдобри, во квиз на Вимблдон

Од:

Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј, Рафаел Надал и Рожер Федерер одговараа на низа прашања поврзани со нивните кариери, на овогодинешниот Вимблдон.

nadalkviz

Најдобар скор од четирите великани на „белиот спорт“ имаа Рафаел Надал и Рожер Федерер. Надал освои 11 од вкупно 13 поени, а Федерер имаше пола поен помалку. Ѓоковиќ и Мареј имаа по седум бодови.

Неверојатен беше одговорот на Федерер, на прашањето колку победи остварил во текот на кариерата на тврда подлога. Швајцарецот одговори 543, а точниот одговор беше 546.

Надал имаше потешкотии да се сети на сите тенисери кои ги има победено во финалињата на Ролан Гарос.

Енди Мареј не го знаеше одговорот на прашањето со кој од најдобрите четири тенисери на светот, има одиграно најмногу меѓусебни дуели.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ