Во Скопје денеска ревијално ќе бидат прикажани наградените филмови на „Галичник филм фестивал“ кој се одржа од 5 до 8 август.
Публиката ќе има можност во „Europe House Скопје“ да ги проследи филмовите „Налепница”, добитник на Гранд при и на наградата за најдобар актер, „Ана” за најдобар филм на фестивалот, потоа филмот „Заедничка градина” за најдобра кинематографија, „Кожа” за најдобра режија, „Само една смрт до љубовта” за најдобар анимиран филм и „Битка” за најдобар документарен филм.
Од страна на жирито, годинава на Галичник филм фестивал беше награден и филмот „Ѕвезда што паѓа” за најдобра актерка, а филмовите „Дора” и „Бледиот светец” се наградени со специјално признание на Галичник Филм Фестивал.
Фестивалот годинава се одржа во соработка со Агенцијата за филм и Делегацијата на Европската Унија Скопје.