СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски – докажаниот извор на лажни вести, стојат зад протести на кои се навредуваат новинари

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски застанаа зад протестите кои го загрозуваат колективното здравје и на кои се ширеше говор на омраза. СДСМ најостро ги осудува пораките, говорот на омраза и навредите кои јавноста можеше да ги слушне, а беа упатени кон докторите, здравствените работници, но и кон новинарите“, велат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ застана зад протестите на кои новинарите беа нарекувани платеници, а нивната работа беше омаловажувана. Во време на пандемија и новинарите секојдневно се изложени на ризик по своето здравје, но и по здравјето на најблиските.

Новинарите чија единствена цел е да ја информираат јавноста, секојдневно се во опасност да се заразат со Ковид 19, додека професионално си ја вршат работата.

Токму новинарите влегоа во ковид болниците со скафандер, меѓу пациентите со тешка клиничка слика се со цел да ја подигнат свеста на граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита и да го прифатат процесот на имунизација.

Сите потребни информации секојдневно ги добиваме од новинарите и тие најмалку треба да бидат навредувани и тоа на протест поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски – докажан извор на лажни вести, чиј ментор е бегалецот од Будимпешта.

Ако има и минимум одговорност, Мицкоски треба да повика на почитување на мерките и масовна вакцинација, а не да поддржува протести со кои се поткопува здравствениот систем и се напаѓаат новинари и доктори.

Повторно ги повикуваме сите кои досега не се вакцинирани да го сторат тоа што поскоро и да си го заштитат своето здравје и на најблиските бидејќи само на тој начин ќе ставиме крај на пандемијата“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар