Нормализиран за сообраќај регионалниот пат преку Галичица, на Табановце за излез се чека два часа

Од:

АМСМ информира дека регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица е нормализиран за секаков вид на сообраќај. Тој беше во прекин поради изведување градежни активности.

Утре во прекин ќе биде патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с. Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање). Сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11:30 ч. – 14:30 ч. во времетраење од 15 – 20 минути.

Од АМСМ известуваат дека на граничниот премин Табановце за излез од државата има чекање околу два часа. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози