Пентагон: САД од 14 август од Авганистан евакуираа 7.000 лица

Од:

Американската војска од 14 август, за нецели пет дена, од Авганистан евакуираше околу 7.000 лица, изјави денеска претставник на американското Министерство за одбрана, додавајќи дека војската е подготвена да ја зголеми евакуацијата бидејќи се повеќе Авганистанци се обидуваат да ја напуштат земјата.

-Од почетокот на евакуацијата, на 14 август, превезовме околу 7.000 лица, изјави генералот Хенк Тејлор.Според него, речиси 12.000 лица се евакуирани од крајот на јули.

Меѓу евакуираните се членови на американската Амбасада и Авганистанци кои работеа за САД, а токму тие побараа специјални имиграциски визи од страв од одмазда од талибанците.

Тејлор додаде дека американската војска е подготвена да евакуира уште повеќе луѓе од аеродромот во Кабул.

-Ова зголемување на евакуираните се должи како на зголемувањето на бројот на авиони, така и на можноста за патување со авион, побрзата обработка на евакуираните и поголема информираност и точност во известувањето, додаде генералот Тејлор.

Тој објасни дека во моментов 5.200 американски војници го обезбедуваат транспортот од аеродромот во Кабул, и тоа на што поголем број излези, што помага да се подобри пристапот до авионите, бидејќи огромен број луѓе сакаат да побегнат од Талибанците.

-Во изминатите 24 часа, САД во Кабул испратија 13 транспортни авиони „Ц-17“, од кои 12 полетаа, превезувајќи повеќе од 2.000 луѓе, рече генералот.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден вети дека од Авганистан ќе ги изведе сите американски државјани и што е можно повеќе Авганистанци, поради стравот од одмазда на талибанците против оние што им помогнаа на западните сили за време на 20-годишната војна.

Би можело да ве интересира

Пентагон размислува за повлекување на илјадници војници: Европа е загрижена за плановите на Вашингтон

Ахунџада: Мртва е демократијата во Авганистан

Администрацијата на Трамп ја забрани мојата прва книга, вели холивудската актерка Џулијана Мур

А1он

Трамп: Очекувам Маск да ги открие милијардите долари проневерени во Пентагон

Пентагон е „нападнат“ од Илон Маск: Трамп му даде одврзани раце

Горан Наумовски

Нападната база во Кабул: Има мртви