Триумф на Ѓорческа, Грабул во финалето

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во игра на двојки триумфираше заедно со Далија Зафирова од Бугарија на фјучерс турнирот во Прокупље.

Тие попладнево беа поуспешни од Викторија Рајчиќ од Австралија и Викторија Томова од Бугарија со 2:0 во сетови.

Во двата сета македонско-бугарската комбинација на противничките им препушти само три гема – 6:3 и 6:0.

Со успешни настапи на фјучрс турнирите во Белгија продолжува и Димитар Грабул.

Тој попладнево во полуфиналето го победи првиот носител на фјучрсот во Де Хан, Хуан Карлос Саез од Чиле (382.место на АТП листа).

Грабул го загуби првиот сет со 7:5 во гемови, иако водеше со 5:2. Потоа го доби следниот во тај брек со 7:6 (7:5) и во решавачкиот беше поуспешен со 7:5.

На претходните два фјучрси во Белгија, македонскиот тенисер натпреварите ги завршуваше во четвртфиналето односно во полуфиналето.

Противник во завршниот меч утре ќе му биде победникот од дуелот Јорис Де Лор од Белгија или Маверик Бејнс од Австралија.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ