Борел: ЕУ евакуираше 106 членови на делегацијата од Кабул, останаа уште околу 300

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел изјави дека 106 членови на делегацијата на ЕУ со нивните семејства безбедно го напуштиле Кабул, но останале уште околу 300 Авганистанци кои работеле за Унијата.

Првиот авион со персонал на ЕУ слета во Мадрид, од каде што ќе бидат распоредени во 27 земји-членки на ЕУ, истакна Борел пред комисијата на Европскиот парламент.

– Уште 300 авганистански службеници на делегацијата на Европската унија се блокирани на улиците во Кабул и се обидуваат да стигнат до аеродромот и да најдат место на некои од летовите на земјите членки на ЕУ, рече Борел.

Тој посочи дека „тие луѓе долги години верно ги промовирале и бранеле интересите и вредностите на Унијата во Авганистан“, додавајќи дека „морална должност на ЕУ е да заштити и спаси што е можно повеќе луѓе“.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Борел: Договорена е правна рамка за помош на Украина без унгарската блокада

Горан Наумовски

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Борел: Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас

Горан Наумовски

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски