Анадолија: Египќаните протестираат, а Балканците се сончаат на египетските плажи

Од:

Наспроти протестите и судрите што го зафатија Египет последнава недела, стотици државјани на балканските земји летуваат на египетските плажи и се однесуваат како ништо да не се случува во оваа држава, оценува труската агенција Анадолија.

Претставници на туристички агенции од неколку балкански земји за Анадолија изјавиле дека и натаму има интерес на граѓаните за летување во Египет и покрај препораките на властите да се избегнуваат патувања во оваа земја.

– Ние се во постојан контакт со нашите клиенти и тие се презадоволни. Не се во никаква опасност, нитукој било им пречи, изјавил претставник на една туристичка агенција од БиХ.

Агенциите признаваат дека имало „некои откажувања“ на аранжамани за Египет, но дека „не е воочлив голем пад на интересот“ за патување во оваа земја, која е една од најпознатите туристички дестинации во светот.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски