(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа зад протест на кој се навредуваа новинари

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски застанаа зад протестите кои го загрозуваат јавното здравје и на кои се ширеше говор на омраза. СДСМ најостро ги осудува пораките, извиците, говорот на омраза и навредите кои јавноста можеше да ги слушне, а беа упатени кон докторите, медицинскиот персонал, но и кон новинарите“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ застана позади протест на кој новинарите беа нарекувани платеници и нивната работа беше омаловажувана.

Во време на пандемија и новинарите се тие кои секојдневно се изложени на ризик по своето здравје, но и по здравјето на нивните најблиски.

Новинарите се тие, кои со единствена цел да ја информираат јавноста, секојдневно се во опасност да се заразат од Ковид 19, додека професионално ја вршат својата работа.

Токму новинарите се тие кои во скафандер ризикуваа и влегоа во ковид болниците, меѓу пациентите со тешка клиничка слика, се’ со цел да ја подигнат свеста на граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита и да го прифатат процесот на имунизација.

Тие се луѓето од кои секојдневно ги добиваме потребните информации и тие најмалку треба да бидат навредувани и нарекувани платеници и тоа на протест поддржан од ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски – посочен извор на лажни вести, чиј ментор е бегалецот од Будимпешта, место од каде според словенечки новинари истражувачи, се финансираат одредени медиуми во Северна Македонија кои пласираат лажни вести, а денес се гласни против вакцините, против мерките за заштита од Ковид 19 и го поддржуваа протестот на којшто професионалните новинари беа навредувани.

Мицкоски се повеќе се докажува како неодговорен политичар кој очајно гледа шанси во вакви и слични протести и на кого му одговараат лажни вести – Впрочем и тој самиот како сопственик на фб профил и беше посочен за извор на лажни вести во студија на ЕУ.

Ако има и минимум одговорност, Мицкоски треба да излезе и да повика на почитување на мерките и масовна вакцинација, а не да поддржува протести со кои се нанесува штета на здравствениот систем и се напаѓаат новинари и доктори.

Денеска повторно ги повикуваме сите кои кои досега не сте вакцинирани да го направите тоа што поскоро во најблискиот вакцинален пункт, да си го заштитите своето лично здравје и на најблиските.

Не подлегнувајте на лажните вести, следете ги официјалните информации, почитувајте ги мерките за заштита и само на тој начин ќе ставиме крај на пандемијата со коронавирусот“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Орце не може да го исчисти ниту „Расадник“, лаже дека ќе исчисти цело Скопје за 72 часа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици

Герасимовски: Реконструиравме над 24 улици, безбедноста подигната на највисоко ниво

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

ЗНАМ до Герасимовски: Дали кандидатите за советници имаат право да градат без одобрение за градба