Коптски свештеник убиен во Египет

Од:

Засега неидентификуван вооружен маж денеска уби свештеник на египетската Коптска православна црква во северниот дел на Синајскиот Полуостров.

Коптскиот свештеник Мина Абуд Шарвин бил убиен претпладнево во градот Ел Ариш, кога врз него пукал маж на мотор во движење.

Иако, напаѓачот и неговите мотиви не се познати, египетски безбедносну извори оценуваат дека свештеникот е жртва на првиот верски мотивиран напад по соборувањето од власт на египетскиот претседател Мохамед Морси.

Изминативе неколку дена локални исламисти извршија неколку неколку напади врз воени објелкти во Ел Ариш, при што беа убиени петмина војници и полицајци.

Нападот врз свештеникот уследи по критиките на исламистичкото Муслимансоко братсво упатени до поглаварот на Коптската православна црква, Тавардос Втори поради неговото благословување на смената од власт на исламистот Морси.

Тавардос Втори присуствуваше и на прогласувањето на суспензијата на Уставот на Египет од страна на командантот на египетските Вооружени сили, генерал Абдел Фатах ал-Сиси.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски