СДСМ: Мицкоски го очекува пораз на локалните избори

Од:

„Христијан Мицкоски ниту самиот не верува во неговата понуда за кандидати за градоначалници. Тој и ВМРО-ДПМНЕ имаат проблем да најдат кандидати за градоначалници, затоа што сите знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е извесен губитник на локалните избори“, соопштува СДСМ.

„И во Град Скопје, и низ целата држава, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги очекува пораз затоа што освен лажни вести, деструкции и блокади ништо друго и не нудат.

Граѓаните ги препознаваат деструктивните политики на Мицкоски, тој е осамен во својот простотилак кој јавно го обелодени на социјалните мрежи и затоа му следува уште еден пораз.

На претстојните локални избори граѓаните повторно ќе ги победат деструкциите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и ќе им испорачаат нов пораз, седми по ред“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар