На социјалните мрежи се појави видео од Авганистанка која низ бодликава жица, плачејќи ги моли американските војници за помош.
Help us Taliban are coming our homes. ? pic.twitter.com/U1CBqdcaBE
— Aftab Baloch (@aftabnaseer6) August 18, 2021
Автентичноста на видеото не е официјално потврдена, но дел од британските и американските медиуми пишуваат дека се чини како видеото да е снимено на аеродромот во Кабул, последното место во Авганистан кое се уште го обезбедуваат американски војници откако талибанците го зазедоа главниот град.
Жената на видеото, низ солзи вреска „талибанците доаѓаат“ и ги пружа рацете кон американските војници преку оградата од бодликава жица.