Главна уредничка на независна белоруска агенција исчезна по претрес во домот

Од:

Главната уредничка на една од водечките независни новински организации во Белорусија исчезна откако полицијата упадна во нејзиниот дом во текот на ноќта, соопшти денеска новинарското здружение во земјата, во момент кога белоруските власти се обидуваат да ги сузбијат неистомислениците.

– Онлајн новинската агенција БелаПАН не успеа да стигне ниту до Ирина Левшина, ниту до еден од своите репортери, Захар Шербаков, соопшти новинарското здружение.

Белоруските безбедносни службеници не биле достапни за коментар, ниту пак агенцијата БелаПАН.

Властите водат репресивна кампања против недржавните медиуми, групи за човекови права и водачи на протести против режимот на претседателот Александар Лукашенко од август минатата година, кога тој беше реизбран на изборите кои опозицијата и западните набљудувачи ги сметаат за нерегуларни.

Новинарското здружение објави дека најмалку 30 белоруски новинари се во затвор и дека полицијата спроведува околу 50 одделни кривични истраги против медиумските работници.

Безбедносните сили ги зајакнаа своите напори за сузбивање на неистомислениците во изминатите недели. Полицијата спроведе серија рации против активисти, новинари и невладини организации во јули, обвинувајќи ги за организирање немири и протести.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад