(ВИДЕО) Зеќири: Наместо да повика на вакцинација, Мицкоски поттикнува кршење на мерките

Од:

„Партијата на Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, застана зад протестите кои го загрозуваат јавното здравје и се противат на масовната имунизација против коронавирусот. Наместо да повикаат на масовна вакцинација како најбрз начин за надминување на пандемијата, Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ поттикнуваат и поддржуваат протести против мерките за заштита од коронавирусот“, рече Белкиса Зеќири, пратеничка на СДСМ.

„За време на целата пандемија, Христијан Мицкоски ниту еднаш не повика на почитување на мерките за заштита, ниту еднаш не повика граѓаните да се вакцинираат, ниту еднаш не изрази поддршка за здравствените работници.

Во целиот свет, одговорните политичари кои што им мислат добро на граѓаните, поттикнуваат на масовна вакцинација, објавуваат фотографии од моментот на вакцинацијата токму заради тоа.

Само од Мицкоски нема такво нешто. Јавноста не знае дали е вакциниран

Ако има и минимум одговорност, Мицкоски треба да излезе и да повика на масовна вакцинација, да повика на почитување на мерките, наместо да поддржува протести со кои се наштетува на здравствениот систем и се напаѓаат здравствени работници.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на дезинформациите и деструкциите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои се на штета на јавното здравје.

Ги повикуваме сите граѓани кои досега не се вакцинирале да го сторат тоа побрзо во најблискиот вакцинален пункт и да го направат најдобриот можен чекор за да го заштитат своето и јавното здравје.

Со што повеќе вакцинирани, до помалку хоспитализирани и помалку рестрикции. Само на тој начин ќе ставиме крај на пандемијата со коронавирусот“, изјави Белкиса Зеќири, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар