СДСМ: Учебната година на први септември ќе започне со физичко присуство, ВМРО–ДПМНЕ да престане да ги вознемирува граѓаните со лажни вести

Од:

„Наместо да се занимаваат со креирање лажни вести и создавање несигурност кај граѓаните по однос на подготвеноста на институциите на системот и училиштата за организацијата на учебната година, би било добро ВМРО – ДПМНЕ конечно да покаже капацитет и да се вклучи во процесите во интерес на учениците и обезбедувањето на непречена едукација во услови на пандемија“, велат од СДСМ.

„Ако барем ги читаат вистинските информации и официјалните соопштенија ќе знаеја дека Владата веќе има одлука за старт на учебната година со физичко присуство во основните и средните училишта од први септември, за што има здравствени протоколи, а училиштата ги прават последните подготовки.

Ќе знаеа и дека од 1 септември започнува имплементацијата на реформите во основно образование а учениците од прво и четврто одделение ќе учат по нови програми од нови современи учебници.

Ако барем малку беа заинтересирани за образованието, наместо за лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ ќе знаеа и дека образовниот систем е подготвен за настава во услови на пандемија уште во јули со три сценарија, кои веднаш може да се применуваат според епидемиолошката состојба.

ВМРО -ДПМНЕ имаа можност да работат во интерес на учениците, наставниците и родителите и да ги одблокираат процесите за усвојување на низа нови законски решенија во Собранието кои се врзани со обезбедувањето на подобар квалитет на воспитно – образовниот процес во државата.

Но тие покажуваат само деструкција на штета на образованиот систем.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на паушалните соопштенија кои секојдневно ги продуцира центарот за лажни вести на оваа политичка партија и да се водат по официјалните информации кои транспарентно и на дневна основа ги објавуваат надлежните институции предводени од Министерството за образование и наука“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар